Пејачката Нина Бадриќ има привилегија да поминува време на Хвар во текот на сите летни месеци, каде има и своја викендица, која оваа година, кога нема настапи поради пандемијата, е можеби најпријатна за неа.
Нина е позната како некоја што има стил, сака природни работи и не потенцира некој посебен луксуз, па затоа ја украси викендичката во Јелса, така што тоа е нејзиниот вистински мал рај на земјата.
Доминантна боја е белата, а погледот од прозорецот се протега до Јадранското Море.
Нина не објавува многу слики од својот дом на овој популарен хрватски остров, но тук таму има неколку слики кои покажуваат колку ужива во својот рај.
Погледнете неколку фотографии: