Љубовната приказна на Шакира и Пике: Нивната врска била судбина

Шакира Изабел Мебарак Рипол, колумбиска пејачка, текстописец, продуцент, актерка и танчерка, која е позната по својата способност да меша различни елементи во нејзината музика.

Шакира и нејзиниот долгогодишен партнер, фудбалерот Герард Пике, се заедно скоро 10 години.
Започнаа да се забавуваат во 2010 година, откако се сретнаа на снимањето на нејзиниот спот „Wака wака“.

Тие се родители и на два сина, Милан, 6 и Саша, 4.

За Шакира и Пике луѓето велат дека нивната врска била судбина. Зошто? Тие го делат истиот роденден, 2-ри февруари, иако со 10 години разлика; Шакира има 42, а Пике 32 години.

Тие имаат тенденција да ја чуваат врската приватна. Но, во интервју за Ел во 2013 година, пејачката се отвори за тоа како средбата со Пике и ја врати вербата.

“Мислам дека, ако можеш да го докажеш постоењето на Бог, тоа може да се докаже само преку љубов. Дури и ја изгубив вербата некое време. Станував агностик”, рече таа. „И тоа беше навистина тешко, бидејќи јас секогаш бев многу религиозна, и неколку години – не чувствував љубов, па почнав да мислам дека нема Бог, и одеднаш го сретнав Герард и моето сонце огреа“…

Преземено од Женски магазин

Треба да знаете
Последни објави