Хрватска преброја новоинфицирани 291 лице

Националниот штаб за борбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот во Хрватска објави дека евидентирал нови 291 инфицирано лице, додека две починале кои имале и хронични болести.

-Во полседните 24 часа со новите 291 лице бројот на активни случаи во земјата денеска изнесува 2.567. Од нив 320 пациенти се на болничко лекување од кои 27 пациенти се приклучени на респираторни машини. Од 25 февруари 2020 година кога е регистрирана првиот случај на заразено лице со коронавирусот во Хрватска, до денеска вкупно има заболени 12. 917. од нив 208 починале, а 10.142 се излекувале. Во самоизолација моментално се наоѓаат 8.711 лица, се вели во соопштението на Националниот шаб на Хрватска.

До денеска во Хрватска се тестирани 205.256 лица од кои 4.118 во последните 24 часа.

 

Треба да знаете
Последни објави