Димитров со коментар за Каракачанов: Изјави што можат да ги навредат соседите не помагаат

По министерството за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров се огласи по интервјуто на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој за 24 ТВ рече дека Бугарија ќе го блокира патот на Севрна Македонија кон ЕУ ако мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања.

Тој за „Радио Слободна Европа “ вели дека во 21 век во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување не може да биде спорно, а договорот за пријателство со соседна Бугарија зборува за заедничка историја што ги поврзува двата народа.

-Прифаќањето на минатото, но и на сегашноста, еден благороден процес што го почнавме со Бугарија, мора да се темели токму на ова право, како за хероите од минатото кои се од големо значење за двете страни, така и за денешните генерации. Договорот зборува за заемно почитување и пријателство. Зборува за помош од страна на Софија на патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ“, вели вицепремиерот.

Тој нагласува дека имајќи ја предвид визијата за заедничка европска иднина како блиски народи и соседи, убеден е дека со заеднички сили треба да се работи на решенија кои ќе обезбедуваат почит и достоинство за двете страни.

Треба да знаете
Последни објави