„Еуроимпекс“ е избран за генерален увозник на „Опел“ за пет земји од регионот

„Опел“ отиде чекор понапред во развој на својата бизнис стратегија на пазарите во Европа, објавувајќи го новиот соработник и увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија „Еуроимпекс“ како почитуван незавизен локален увозник и соработник.

Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење „Еуроимпекс“ остварува сериозно голем развој, каде покрај „Пежо“ го превзема работењето и на „Опел“, а со тоа превзема уште еден бренд од групацијата ПСА.

Договорот е потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, „Еуроимпекс“ станува генерален увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на „Опел“ одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата.

Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

„Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ изјави Хавиер Дукемин, извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додаде: „Длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

„Еуроимпекс“ ја започна соработката со Пежо брендот во 1992 година, а првиот договор за соработка беше потпишан во 1994 година. „Еуроимпекс“ веќе пет  години е генерален увозник за „Пежо“ за сите пет погоре споменати балкански земји. До почетокот на оваа соработка, повеќе од 20.000 „Пежо“ возила се продадени.

Во 2019 година, на територија на Серверна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, 2.500 „Опел“ возила беа продадени, врз основа на што се предвидува раст на брендот во годините кои следат.

(ПР текст)

Треба да знаете
Последни објави