Итна средба во Лондон за договорот за Брегзит

Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ денеска ќе отпатува во Лондон на итни разговори за навестувањата за објавување британски закон што ќе дозволи нарушување на договорот за излез на Велика Британија од Европската унија, изјави портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој на Твитер објавил дека Шефчовиќ оди на вонреден состанок на Мешовитиот комитет за Брегзит, на кој ЕУ ќе побара од Велика Британија да прецизира за целосна и навремена примена на договорот за повлекување.

Треба да знаете
Последни објави