Настрада моторџија во Автокоманда, се забил во автобус

На 09.09.2020 во 16.00 часот било пријавено дека на булевар Александар Македонски во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од Т.В.(33) од Пробиштип и  автобус „санос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.П.(54) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави