Новинар убиен и обезглавен во Мексико

Еден новинар е убиен и обезглавен во мексиканската држава Веракруз, соопштија мексиканските медиуми. Весникот „Ел Мундо“, чие седиште е во градот Кордоба, наведува дека телото на новинарот Хулио Валдиви било пронајдено кај неговиот мотоцикл на железничка пруга во градот Моцоронго. Валвиди известувал за рурални зони во близина на границата со мексиканската држава Оахака, која веќе долго време се бори со насилство меѓу бандите.

Тој е најмалку шести новинар, кој оваа година е убиен во Мексико. Комитетот за заштита на новинари го осуди овој ужасен настан и ги повика властите итно да ги идентификуваат одговорните.

Над 140 новинари се убиени во Мексико изминатите 20 години.

Треба да знаете
Последни објави