Претседателот на Наполи Де Лаурентис со коронавирус присуствувал на состанок од Серија А!

Претседателот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Аурелио Де Лаурентис е позитивен на коронавирусот, но присуствувал на вчерашниот состанок од Серија А !

Откако гласините протекоа во јавноста  дека еден од претседателите или директорите кои биле на вчерашниот состанок на клубовите од Серија А кој се одржа во Милано, бил позитивен на ковид-19, истите се потврдени утринава откако се појави соопштението дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис има коронавирус. Тој утринава ги добил резултатите, но претходно имал симптоми, се тестирал и наместо да ги чека резултатите во изолација, тој се појавил на состанокот со што ги загрозил и останатите кои биле таму.

Според италијанските медиуми, Де Лаурентис им кажал дека имал алергиска реакција од некои лоши школки. Тој за време на состанокот не носел секогаш маска додека зборувал со останатите претседатели, но и со новинарите кои биле присутни на состанокот.

Однесувањето на Де Лаурентис е оценето како несовесно и безобразно, поради кое сега ќе се тестираат сите присутни на состанокот и ќе треба да бидат во самоизолација додека не ги добијат резултатите.

Треба да знаете
Последни објави