Филипче го пролонгира рокот за враќање на работа на хронично болните

До 23-ти септември имаат рок хронично болните да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа. Ова е заклучокот од утринската средба на министерот за здравство, Венко Филипче и здруженија на пациенти.

За да можат тоа да го реализираат Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин.

Готови се и измените на правилникот за боледувања во ФЗОМ, со кој специјалистот на неопределено ќе издава боледување. Од здруженијата се задоволни од  средбата, бидејќи како што велат ќе има индивидуален пристап бидејќи има разлика од пациент до пациент.

Досега сите кои ја користеа мерката земаа цела плата, а од понеделник ќе се водат на боледување и ќе добиваат помалку пари.

-Пациентите кои имаа важечки боледувања по сегашниот систем можат да ги продолжат боледувањата без да доаѓаат на преглед. А за новиот систем за да се добие боледување кое важи подолго време да закажат специјалистички термин ќе пуштиме повеќе термини и Е амбуланта. Специјалистот ќе процени дали физички да дојде пациентот или може да се процени по документација и да се даде подолго боледување, изјавил Филипче во разговор за Тв Сител.

Треба да знаете
Последни објави