Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во „ЕУКлик“ на ТВ21 посочи дека таргет им е просечната плата да стане 34.500 денари.
„Во проекциите што ги направивме, таргет ни е просечната плата да биде 34.500 денари, зборуваме за нето плата, не зборуваме за бруто плата. Од друга страна, кажавме дека ќе продолжи покачувањето на пензиите, по надминување на кризата, во вредност од околу 20% за 4 години, плус, за прв пат ќе одредиме минимална пензија“, истакна Битиќи.
Тој додава дека со стабилизирање на економската состојба и соочувањето со кризата од пандемијата ќе имаат и за зголемување на платите/
„Ќе имаме за цел минималната плата да ја покачиме за 20-30%, тоа го кажувам за време на 4 годишниот мандат. Го кажувам во проценти или апсолутна вредност од 20 илјади денари“, вели Битиќи.