Во Црна Гора, секое петто лице е заразено со коронавирус, пишува Б92.
Во последните 24 часа, потврдени се 128 нови инфекции со коронавирус во Црна Гора.
Според Институтот за јавно здравје, анализирани биле 569 примероци.
Закрепнување е регистрирано кај 43 пациенти.
Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1.715.
Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 6.222.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19 останува непроменет – од почетокот на јуни е 105, а од почетокот на годината 114.