Напаѓачот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, Гонзало Игуаин наскоро ќе потпише договор со американскиот Интер Мајами, објави Фабрицио Романо.
Триесет и две-годишниот играч веќе се договори со клубот, во сопственост на Дејвид Бекам, за неговите лични услови и ќе му се придружи како слободен агент.
Најверојатно, договорот меѓу двете страни ќе биде на две сезони. Така, Аргентинецот ќе го следи својот поранешен соиграч во „Старата дама” Блеиз Матуиди, кој претходно ова лето исто така се приклучи на новоформираниот тим без трансфер сума. Еден од браќата на Игуаин, Федерико, исто така игра за МЛС, но за ДиСи Јунајтед.
„Пипита” конечно се согласи со Јувентус да го раскине договорот со клубот. Според информациите, тој ќе собере околу 50% од платите што би ги примил во последната година од договорот, или скоро 4 милиони евра. Сепак, „бјанконерите” ќе ја објават разделбата едвај кога играчот ќебиде подготвен да потпише со својот нов тим.