Колумбија од 21 септември постепено ги обновува летовите

Колумбија од 21 септември постепено ќе започне да ги обновува летовите прекинати поради пандемијата на коронавирусот, изјави министерката за транспорт на таа земја, Ангела Марија Орозко.

За таа цел, Министерството за здравство подготвува безбедносни протоколи кои, меѓу другото, подразбираат дека патниците мора да имаат негативни тестови на вирусот.

– Првата фаза на продолжување на летовите ќе биде објавена наскоро, рече министерката.

Колумбија ги прекина меѓународните и домашните летови во март во исто време со затворањето на границата, која повторно се отвори кон крајот на август. 

Треба да знаете
Последни објави