Македонското кошаркарско првенство ќе почне на 3 октомври. Федерацијата ќе ги покрие трошоците за задолжителното тестирање од Ковид-19, на 72 часа пред почетокот на сезоната 2020/2021.
Новата сезона во Првата лига-мажи ќе почне на 3.октомври, одлучи Здружението на претставниците на клубовите кои се дел од прволигашката конкуренција, на состанокот кој го водеше новиот претседател на Здружението, Мери Ковачевска.
Меѓу нив и двата нови членови на елитното друштво, КК „ТФТ” од Скопје и КК „Црн Дрим” од Струга, што ја прават бројката на екипи-учесници на 12.
Согласно со тоа, односно системот за натпреварување за сезоната 2020/21, во првиот дел од првенството ќе се одиграат вкупно 22. кола, објави КФСМ на својата веб-страница.
Првопласираните шест екипи (со пренесени бодови од првиот дел), продолжуваат со натпреварувањето во Супер лигата.
Двојки за 1. коло:
Академија ФМП – Гостивар
ТФТ – Куманово
Кожув – Пелистер
МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Црн Дрим.