Новата сезона во кошаркарската НБА лигата нема да започне пред 25 декември, пренесува порталот „Атлетик”.
Стартот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига првично беше планиран за 1 декември.
Сепак, се наведува дека тоа нема да се случи пред Божиќ.
Како што се додава, НБА ќе го премести и Драфтот за 2020 година, кој требаше да се одржи во јуни.
Тој беше преместен за 16 октомври, а потоа на 18 ноември, поради коронавирусот.
Со поместување на Драфтот од октомври во ноември, НБА и Сојузот на играчи ќе имаат време да направат некои измени и дополнувања на колективниот договор и договорите за плата за сезоната 2020/21, пренесува „ЕСПН”.
Тековната сезона во НБА, која беше прекината од март до јули, поради пандемијата на вирусот, во моментов е во завршна фаза.