Германското Министерство за правда денеска на берлинското Обвинителство му препорача на Русија да и укаже правна помош и да и даде информации за здравствената сосстојба на Алексеј Навални, но само доколку тој се согласи со тоа.
Информацијата за ова прашање денеска беше објавена на страницата на берлинското Обвинителство на Твитер.
Обвинителството во Берлин е ополномоштено да понуди правна помош за барањето на руската страна и да даде информација за здравствената состојба на Навални, под услов тој да се согласи на тоа, се наведува во соопштението.
Од министерството забележуваат дека во оваа етапа не е можно да се дадат дополнителна информации за случајот.
Министерството за правда во Берлин на 4 септември преку германските федерални власти доби прашалник од Генералното обвинителство на Русија за инцидентот со Навални. Случајот се истражува од берлинските органи, бидејќи отруениот руски блогер и опозиционер беше префрлен на лекување во Клиника во Берлин, прецизираат руските медиуми.
Руското Генерално обвинителство побара одговор на речиси 20 прашања поврзани со лекувањето на Навални, дијагнозата и резултатите од експертизата, како и да и биде дадена копија од медицинскиот картон на пациентот и биолошкиот материјал за споредбени истражувања.