На крајот на август годинава, во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување се регистрирани 151.368 невработени лица, што претставува намалување за 0,04 проценти на месечно ниво и зголемување за 32,2 проценти на годишно ниво, соопшти Заводот.
Во август, бројот на невработени падна во споредба со јули, а намалувањето, според дневните податоци на веб-страницата на Заводот, продолжува и во септември, бидејќи во Бирото во моментов има 146.920 невработени, што е за 4.448 помалку од крајот на август, пренесува „Јутарњи лист”. На годишно ниво, бројот на невработени продолжува да расте со стапка од над 30 проценти.
Така, во август годинава имало 36.870 повеќе лица во Заводот за вработување во Хрватска отколку во август 2019 година.
Според податоците од месечниот извештај на Заводот, во август годинава, вкупно 12.362 лица биле новопријавени во регистарот на невработеност, што е за 9,1 процент повеќе од истиот месец минатата година, пишува „Јутарњи лист”.