„Скај Италија“ објави дека повеќекратниот италјанскиот фудбалски шампион Јувентус веќе ги договорил сите детали за трансфер на Оливие Жиру. Искусниот 33-годишен Французин ќе потпише договор на две сезони со „старата дама“ вреден 4,5 милиони евра годишно. Јувентус на Челси ќе му плати обештетување од пет милиони евра за голгетерот.
Со ова новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло кој беше во потрага по нов голгетер, откако му порача на Гонзало Игуаин дека е слободен да си бара нов клуб, ја затвора дилемата дали во Торино ќе пристигне Един Џеко, голгетерот на Рома кој одлучи да остане во вечниот град или Луис Суарез кој доби дозвола од Барселона да побара нова средина, но најверојатно ќе остане во Шпанија.