Биелса го обнови договорот со Лидс

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса го продолжи договорот со клубот за сезоната 2020/21, според официјалната веб-страница на премиерлигашот.

Аргентинскиот специјалист се приклучи на тимот во текот на сезоната 2018/19 и во вториот обид го донесе тимот во Премиер лигата.

Под водство на Биелса, Лидс има победи на 56 натпревари, ремизираше 17 пати и загуби 27 пати.

На 12 септември, во натпреварот од првото коло во Премиер лигата, Лидс ќе игра на гостински терен против актуелниот шампион Ливерпул.

За Лидс настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Треба да знаете
Последни објави