Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „ЕУКлик“ на ТВ21 посочи дека против сите компании кои не ги исплатија средства на вработените откако земаа владина помош е покрената тужба.
„Деновиве добив интересно прашање, ме прашаа – ќе им помогнете ли на компаниите кои не им ги исплатија платите на работниците? Против сите компании кои не ги исплатија финансиските средства што ги земаа од државата е покрената тужба“, истакна Битиќи.