(Видео) Повеќе од половина милион луѓе принудени да бегаат поради пожарите во Орегон

Над половина милион луѓе се евакуирани поради пожарите во американската држава Орегон и Пацифичкиот Североисток, соопштија властите.

Десетици жаришта во моментов горат, а најмалку еден пожар е подметнат.

Гувернерот Кејт Браун изјави дека точниот број на жртви не е познат, и дека досега се потврдени четири жртви, објави Би-Би-Си.

Во моментов горат над 100 пожари во 12 западноамерикански држави, а најтешко погодени се Орегон, Калифорнија и Вашингтон. Во некои случаи, цели населби беа уништени, а десет лица загинаа во Калифорнија.

Канцеларијата за вонредни состојби во Орегон синоќа потврди дека повеќе од десет проценти од 4,2 милиони жители на оваа американска држава биле евакуирани од своите домови.

Масовна евакуација беше извршена и во предградијата на Портланд, а весникот „Портланд трибјун“ пишува дека овој град во моментов е најзагаден во светот.

Треба да знаете
Последни објави