Власта нема економски план – 40.000 невработени,  милијарда задолжување, поскапа струја и пропадната банка за само неколку месеци 

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференција на Фатмир Битиќи

„Фатмир Битиќи наместо да држи празни прес конференции да каже што СДСМ направи за да ја спречи катаклизмата во стопанството. 40.000 невработени, 1 милијарда долг, пропадната банка од 200 милиони евра и поскапа струја е епилогот од СДСМ во последните 6 месеци.

Сите пари кои ги позајмија ги потрошија на поткуп за избори, но и за нивните сопствени фирми, а за спасување на работни места немаше ниту денар, затоа имаме 40.000 невработени.

Наместо народот пари од државата како антикризни мерки добија фирмите на Нина Ангеловска и Заеви, а народот остана без пари.

СДСМ буквално си ги искористи институциите за сопствен интерес.

Грабежот врз народот за сопствен џеб продолжува затоа и ја поскапуваат струјата за да имаат за тендери на нивните финансиери и блиски фирми. За камиони со струмички таблици да вртат во РЕК, и струмичка агенција за обезбедување да испумпува милиони од универзалниот снабдувач.

За бизнисот да тече во РКЕ се партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев, кои во името на Заев ја поскапуваат струјата и овозможуваат бизнис интересите да се одвиваат непречено.

Македонија буквално страда со оваа мафија на власт.

Мафијата, криминалот и владата во Македонија се едно исто, затоа мора да паднат.“

 

Треба да знаете
Последни објави