Во Индија е забележан нов рекорден дневен пораст на бројот на лица заразени со коронавирус – 96.551 случаи, како што беше потврдено денеска.
Бројот на лица заразени со вирусот во Индија расте побрзо отколку на кое било друго место во светот, а Соединетите Американски Држави се единствената земја што е потешко погодена од пандемијата.
Бројот на смртни случаи од последиците од Ковид-19 остана релативно низок, но во последно време е забележан тренд на раст, со над илјада смртни случаи во последните десет дена.
Досега починале 76.271 лице од вирусот, а денеска се пријавени 1.209 смртни случаи.
Во Индија, од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразени 4,5 милиони луѓе.