Кој стои зад тоа, јас ќе бидам толку упорен да дознаам. Немам докази, но ќе ги обезбедам. Јас пред себе имам еден Кинески ѕид, НБРМ и државата. Изразувам солидарност кон оштетените. Нема да бегам од земјава, немам потреба да изнесувам пари. Сè што сум имал сум вложил во банката, рече бизнисменот Трифун Костовски.
Сопственикот на пропаднатата Еуростандард банка, бизнисменот Трифун Костоски, во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5, вели дека стечајот бил подготвуван подолг период како и дека Народната банка не ги употребила сите алатки за рестартирање на банката да се стабилизира.
– Ако некој беше изненаден, првенствено ние бевме изненадени, а потоа и штедачите заедно со нас, бидејќи повеќе од јасно е дека стечајот бил подготвуван подолг перио, па можеби и година дена – вели Костовски.
Тој направи интересна споредба со операциона сала.
Кога ќе влезете во операциона сала, вие имате од игла и конец, па сè до скалпел. Тоа значи дека имате многу алатки, но треба да го оставите пациентот жив. Исто така и НБРМ има алатки како да ја стабилизира банката. Тоа се редовни мерки, вонредни мерки, администрација и стечај. Редовните мерки ги почитуваа, вонредните мерки никојпат не ги почитуваа, не казнија ниту еден Управен одбор, не казнија ниту еден член од Надзорниот одбор или колективно целиот надзорен одбор. Не казнија ни одредени служби, а тоа значи дека не презедоа никакви додатни вонредни мерки. Доколку првата и втората алатка не биле испочитувани, тогаш доаѓа администрацијата којашто трае отприлика една година за да се види дали банката ќе успее да се рестартира или да оди во стечај – објасни Костовски.
Тој додаде дека целата постапка околу затворањето на Еуростандард банка е заговор, посочувајќи дека ќе биде упорен да дознаае кој стои зад тоа.
– Таа нетрпеливост која што јас ја почувствував дали кон семејството, или дали кон Еуростандард банка, не можам да сфатам што е, но дефинитивно тука се работи за заговор. Кој стои зад тоа, јас ќе бидам толку упорен да дознаам. Немам докази, но ќе ги обезбедам. Јас пред себе имам еден Кинески ѕид, НБРМ и државата. Изразувам солидарност кон оштетените. Нема да бегам од земјава, немам потреба да изнесувам пари. Сè што сум имал сум вложил во банката – рече Костовски.