Линиската судијка на тенискиот УС Опен, Лаура Кларк, која стана славна благодарение на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, откако несакајјќи ја погоди со топчето во грлото, сега најавува и правна заштита за да добие и од парите на српскиот тенисер.
Новак како прв фаворит по овој инцидент беше дисквалификуван и го напушти Њујорк. Тој и се извини на Лаура, а потоа ги замоли своите пријатели и навивачи да не ја навредуваат, но тоа изгледа не и беше доволно на судиката.
Медиумите излегоа со информација дека Американката е подготвена да го тужи Ѓоковиќ и да бара голема одштета за стресот и претрпениот страв.