Милевски: Бесплатен превоз за учениците од Новаци

Преку проектотот „Унапредување на квалитетот на социјални услуги на регионално нив“ обезбеден е минибус со 30 и комбе со 10 седишта за превоз на ученици во Новаци. Носител на проектот е Центар за развој на Пелагониски плански регион, поддржан од Министерство за локална самоуправа, додека вредноста на набавките е околу 6 милиони 500 илјади денари.

„Учениците на општина Новаци конечно ќе имаат превоз и ќе имаат можност бесплатно да се возат во новите минибус и комбе. Драго ми е дека со тоа ќе има подобрување на пристапот до образовните институции за учениците од основните и средните училишта во Пелагониските општини поточно Новаци, Битола и Могила. Преку проектот ќе се намалат трошоците за извршување на овие надлежности со што ќе се подобри функционалноста на процесот од кој бенефит ќе имаат и општините. Во иднина сакам да општините поднесуваат конкурентни проекти со кои ќе бидат дел од Програмата за рамномерен регионален развој и ќе придонесат за поквалитетен живот на граѓаните“, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Тој информира дека минибусот ќе вози на релација Новаци – Добромири – Агларци – Далбеговци, едното комбе ќе вози на релација Рапеш – Арматуш – Новаци, другото комбе Живојно – Бач – Гермијан.

Треба да знаете
Последни објави