НАСА објави дека ќе почне кампања за купување камења, прав, песок и други материи од Месечината, од приватните компании, кои имаат свои мисии таму.
Американската Национална воздушно-вселенска агенција би го купила сѐ тоа за да го користи во истражувања. Целта на кампањата е и, како што се наведува – поддршка на идните астронаутски мисии на Месечината.
Како дел од програмата „Артемис”, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да прати човек на Месечината до 2024 година.