Во последните 24 часа во Македонија пет лица починаа од коронавирус, а потврдени се 142 нови случаи. Оздравеле 98 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 1.542 тестирања, а најголем број нови случаи се потврдени во Скопје-37, Куманово-18 и Тетово – 13.
Потоа во Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје-20, Куманово-10, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-11, Велес-4, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-1, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-3 и Кичево-5.
Починати се пет лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.555, бројката на оздравени пациенти е 12.994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 55
• Гази Баба – 71
• Аеродром – 94
• Карпош – 71
• Центар – 68
• Кисела Вода – 53
• Ѓорче Петров – 35
• Бутел – 41
• Шуто Оризари – 19
• Студеничани – 13
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен-16