Словенката која си ја исече раката да добие осигурување од милион евра доби две години затвор

Во Словенија денеска и беше изречена пресуда на 22-годишната Јулија Адлешиќ, која е обвинета за намерно отсекување на шаката поради пари од осигурувањето. Обвинението ги товари првообвинетата Јулија Адлешиќ, нејзиниот партнер Себастијан Абрамов и неговите родители Тинка Хускиќ Колариќ и Горазд Колариќ за обид за измама со осигурување.

Според словенечките медиуми, таа и нејзиното момче се прогласени за виновни. Нејзиното момче доби три години затвор, а Адлешиќ две години затвор, а во казната ќе биде вклучено и времето што го поминале во домашен притвор.

Горазд Колариќ, таткото на Абрамов, е осуден на една година условна казна, а Тинка Хускиќ Колариќ, мајка, беше ослободена. Адлешиќ тврдеше дека несреќата се случила на почетокот на 2019 година откако со циркуларна пила си ја отсекла шаката. Таткото на Себастијан прв дотрчал на местото на несреќата и повикал брза помош, но тој ја оставил отсечената шака на местото на настанот, пишуваат медиумите. Дваесетгодишната девојка пред судот во Љубљана пред неколку дена изјави дека не сторила ништо намерно и дека досега немала никакви проблеми со законот освен возење без појас.

-Никој не сака да стане инвалид. Да можам, ќе го вратам времето и нема ни да се доближам до таа пила, рече таа пред судот и побара да ја ослободи од домашен притвор.

Девојката ја изгуби шаката на 4 јануари 2019 година. Неколку дена по несреќата, таа побара исплата од осигурувањето, но беше обвинета за измама. Обвинителството тврди дека тие испланирале сè уште во 2018 година и дека потоа склучиле договор за осигурување со неколку осигурителни компании. Во овој случај, поради попреченост, Јулија требала да добие над еден милион евра, од кои дел ќе добиеше веднаш, а дел во форма на постојан месечен приход. Исто така, обвинителството тврди дека нејзиното момче пребарувал на Интернет за вештачката, биомеханичка рака пред несреќата, што одговара на тезата дека сè било испланирано.

Треба да знаете
Последни објави