Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, преку објава на Фејсбук, информираше дека за Албанија е одобрена финансиска помош во износ од 180 милиони евра за борба против Ковид-19.
Сореца појаснува дека овие средства ќе придонесат за зајакнување на јавните финансии, зголемување на социјалната заштита и борба против корупцијата.
„Владата на Албанија ќе добие финансиска помош од 180 милиони евра обезбедена од Европската унија, како дел од поддршката во борбата против Ковид-19. Овие средства ќе придонесат за зајакнување на јавните финансии, зголемување на социјалната заштита и борба против корупцијата, напиша Сореца.
Во табелата која ја објавува Топ чанел телевизија, за Северна Македонија се одобрени 160 милиони,за Косово 100 милиони, за Црна Гора 60 милиони евра.