Схинас: Мориа ќе нè потсетува на сè што треба да промениме во Европа

Мислам дека дефинитивното решение за овие појави е само една нова, кохерентна, целокупна европска политика за имиграција и азил. И можеби единствената добра работа од оваа трагедија е што европското јавно мислење станува свесно за потребата од решение, рече потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас на почетокот од средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, околу ситуацијата на Лезбод и додаде дека „Мориа ќе нè потсетува на сè што треба да промениме во Европа”.

Схинас, заедно со претставници на ЕК и ОН вчера го посети грчкиот остров на кој по двата пожари целосно изгоре бегалскиот камп Мориа, а денеска во Атина, на одвоени средби, ги информираше  претседателката и премиерот на Грција за ситуацијата на Лезбос.

Рече дека сега треба да се најде одговор за итните потреби како што е сместувањето и снабдувањето со храна за сите оние кои останаа без кров над глава.

-Паралелно со ова и во соработка со Владата и надлежните ја планираме иднината. Среднорочна перспектива за нов центар што ќе работи со нови стандарди, со подобри капацитети, за да можеме да се увериме дека Мориа е минато, рече Схинас на почетокот од средбата со Мицотакис.

Грчкиот премиер истакна дека „можеби беше и потребна таква трагедија за повторно да се подигне свеста”, за сите во Европа да сфатат дека не може само земјите на надворешните граници на Европа да се справуваат со конкретниот проблем.

-Потребна ни е амбициозна, нова политика за миграција и азил и со голем интерес ќе ги очекуваме предлозите на Комисијата, за кои претпоставувам, ќе бидат објавени во текот на следниот месец, рече Мицотакис.

Треба да знаете
Последни објави