Британската економија порасна за 6,6 проценти во јули во споредба со претходниот месец, покажуваат денеска објавените официјални податоци.
Растот беше дополнително засилен со укинувањата на ограничувањата во услужниот сектор, пред се на повторното отворање пабови, барови и ресторани.
Економистите предвидоа раст на бруто домашниот производ во јули од 6,7 проценти.
Сепак, вкупното британско производство е сè уште помалку за 11,7 проценти отколку во февруари, пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус во Велика Британија.
– Иако продолжи да се движи стабилно по патот кон закрепнување, британската економија сè уште мора да надомести речиси половина од вкупната загуба на БДП забележана од почетокот на пандемијата, рече Дарен Морган од британската канцеларија за национална статистика (ОНС).