Повеќето од коментарите гласеле дека станува збор за генијална одмазда, додека некои ја прекориле девојката поради токсичното однесување.
Оваа девојка, чиј дечко ја изневерил два пати, станала вирална сензација откако открила како му се одмаздила.
Дестини му дала втора шанса на својот партнер, со кого одржувала врска на далечина, иако ја изневерил еднаш, но потоа повторно ги уништил работите.
За полесно да се справи со враќањето на работите на нејзиниот поранешен дечко, се одлучила за генијална одмазда.
-Ова се случува кога два пати ќе изневерите девојка која обожава светки, напишала таа во видеото во кое седи во автомобил со кутија полна со работи што му припаѓаат на нејзиниот бивш партнер.
Потоа, испрскала неколку парчиња облека со лак за коса и ги здиплила, па извадила плик полн со светки и посипала сè со нив.
Во друго видео објаснила како му испраќала љубовни писма со светки на бившиот, што ја инспирирало за оваа одмазда.
Нејзиното видео собрало повеќе од 10 милиони прегледи и 2,5 милиони лајкови.
„Незгодната одмазда е најдобра одмазда. Девојки, користете ситни светки, бидејќи тие никогаш не исчезнуваат.“ „Тој не требал да ја изневери, а ти си требала да користиш светки, лепило, па уште светки“, „Си требала да ја залепиш кутијата за биде што потешко да се отвори, па сите светки да паднат врз него кога ќе ја отвора“, пишувале ТикТокерите кои биле воодушевени од оваа „сјајна“ одмазда.
Од друга страна, некои тврдат дека отишла предалеку.
„Одлично, уништи ги неговите работи, па ќе се чудиш кога ќе ти го изгребе автомобилот“, „Ова е токсично“, „Зошто луѓето прават вакви работи по раскинување? Биди подобра личност и продолжи со својот живот“, порачувале на ТикТок.