Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ
„Македонија со СДСМ и Заев економски потона.
Со Владата предводена од СДСМ имаме историски најголем пад на БДП од 12.9%.
Со Заев добивме одлив наместо прилив на инвестиции, помала наплата на даноци и 40.000 невработени граѓани.
Додека европските земји во пандемија ја намалија струјата, и нудат помош за граѓаните, Зоран Заев и мафијата на власт ја покачија струјата за да ги полнат сопствените џебови.
Македонија со СДСМ доби пропадната банка. Стотици штедачи се оставени без своите пари.
Поради лошите мерки на власта се затвораат конфекции, секојдневно се отпуштаат работници во текстилната индустрија, а компаниите се пред банкрот.
Заев лаже дека се бори против криминалот, тој единствено го прави!
Владата, мафијата и криминалот, кои имаат едно имe време е да паднат. Или мафија, или Македонија.“