Кина ги предупреди САД за нуклеарното вооружување и ризикот од нуклеарен конфликт

САД го зголемуваат ризикот од нуклеарен конфликт и стравувањата на меѓународната заедница, па затоа Кина бара да престане со активностите што го поткопуваат системот на меѓународни договори за контрола на вооружувањето, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан.

Лиџијан ги коментираше зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп, цитирани во книгата на Боб Вудворд – дека САД ќе имаат нуклеарна армија „што никој досега не ја видел” и за кои ниту (Владимир) Путин, ниту Си (Џинпинг) „порано не слушнале”.

Џао ги обвини САД дека не ја исполнија сопствената обврска за нуклеарно разоружување и дека се обидуваат да наметнат менталитетот од Студената војна.

Треба да знаете
Последни објави