Дијалогот со Турција е можен доколку веднаш прекинат провокациите, во спротивно се отвора патот за санкции, било истакнато на вчерашната средба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и францускиот претседател Емануел Макрон на Корзика, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер и францускиот претседател се сретнаа на маргините на состанокот на медитеранските земји од ЕУ, а случувањата во Источниот Медитеран и активностите на Турција биле во фокусот на разговорите.
Била констатирана целосна согласност во однос на централната стратегија кон Турција.
На средбата, Мицотакис и Макрон исто така разговарале и за перспективата и интересот за стратешките односи.