Модната недела во Милано ќе се одржи од 22 до 28 септември, при што колекциите за пролет и лето ќе бидат претставени со дигитални презентации, но и во живо.
Тоа ќе биде прва модна недела во Милано со постепено враќање во нормала, откако Милано претходно во јули организираше дигитални модни презентации наместо традиционални модни ревии.
Milano Fashion Week 👠 i migliori look e momenti della storia della moda italiana https://t.co/QAVM8oibYh
— Clio Zammatteo (@ClioMakeUp) September 11, 2020
Враќање во нормала, но со сите потребни мерки на претпазливост како што е почитување на строгите анти-ковид правила.
Организаторите посочуваат дека „главниот херој“ на Модната недела, што ќе започне во Милано за десет дена, е храброста.
Италијанските медиуми пренесуваат дека на Модната недела во Милано ќе учествуваат Валентино, Фенди, Армани, Прада, Долче и Габана, Етро и Макс Мара кои, меѓу другите, ќе ги претстават своите нови колекции.