НАСА ќе купува Месечев прав од приватните компании

НАСА објави дека ќе почне кампања за купување камења, прав, песок и други материи од Месечината, од приватните компании, кои имаат свои мисии таму.

Американската Национална воздушно-вселенска агенција би го купила сѐ тоа за да го користи во истражувања. Целта на кампањата е и, како што се наведува – поддршка на идните астронаутски мисии на Месечината.

Како дел од програмата „Артемис”, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да прати човек на Месечината до 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави