Романскиот претседател Клаус Јоханис потпиша указ за отповикување на 12 амбасадори на оваа земја, пренесува Аџерпрес.
Во информацијата на романската новинска агенција не се наведува причината за отповикувањата.
Меѓу повлечените дипломати се и амбасадорите во Унгарија, Турција, Холандија, Финска, Русија, Ирак, Либан и Уругвај.
Отповикани се и Лилијана-Кармен Подгорејан, амбасадорка за Аргентина и Парагвај, Нинета Барбулеску, амбасадорка за Австралија, Кирибати, Фиџи, Соломонски острови, Вануату, Самоа, Тувалу и Науру, Константин Володеа Нистор, амбасадор за Малезија и Брунеи и Габриел Гафит амбасадор за Перу, Боливија и Еквадор.