Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила попладнево во струмичко, кога автомобил излетал во провалија, објави порталот Струмица денес.
Несреќата се сличила во 17.57 часот на патот Струмица – Цареви Кули во близина на месноста викана Двата пата. Противпожарната единица од Струмица со техничко возило и 5 пожарникари интервенирала да го спаси возачот.
Од порталот информираат дека возачот e извлечен со алпинистички јажиња и носила и бил предаден на екипа на Брзата помош.