Полицијата поднесе кривична пријава против О.Е.(22) од Битола поради разбојништво.
„Пријавениот на 9 септември околу 18,45 часот на улицата Филип Втори Македонски во Битола, извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со М.М.(37) од Битола физички ја нападнал и и го скинал и одзел златниот ланец“, информираат од МВР.
По превземените мерки и активности О.Е. бил пронајден и приведен.