Откако Ливерпу многу потешко отколку што се очкуваше ја почна одбранта на титулата во англиската фудбалска Премиерлига, како домаќин против новакот Лидс (4:3) на македонскиот репрезентативец Езгајн Алијоски кој не доби шанса на „Ефилд“, тренерот на „црвените“ Јирген Клоп во свој стил истакна дека фудбалот не е возење со велосипед.
– Потребно е време да бидеме во вистинската форма. Каков меч, каков противник, вистински спектакл, уживав. Верувам дека Лидс ќе има добра сезона, доколку го задржи ваквиот интензитет. А и верувам дека сакаат тоа да го направат, бидејќи дојдоа од напорно натпреварување во кое знаеја како да ја распоредат свежината и силата. Знаевме дека ќе ни направат проблеми, сега сите видоа дека Лидс е посебен и денеска се претстави извонредно – рече германскиот стратег Клоп.