Според новиот нацрт за енергетска стратегија до 2040 година, Полска ги забрзува плановите за постепено напуштање на јагленот, пренесуваат локалните медиуми.
Ажурираните планови за енергетска политика вклучуваат изградба на првите полски нуклеарни централи, во кои ќе бидат инвестирани 150 милијарди злоти (околу 40 милијарди долари). Првата нуклеарна централа помеѓу еден и 1,6 MW треба да биде пуштена во употреба во 2033 година.
Согласно на тоа, плановите на полското Министерство за клима нема да ги заобиколат офшор ветерните електрани. Според најавите, инвестициите во вакви проекти ќе достигнат 130 милијарди злоти (околу 34 милијарди долари) до 2040 година, пренесува „Енергетика нет”.
Со нуклеарна енергија и обновливи извори, Полска ќе се справи посилно со климатските промени и,во иднина, ќе создаде до 300 илјади работни места.