Во Бразил во последните 24 часа се потврдени нови 43.718 случаи на коронавирус. Со тоа, вкупниот број на заразени сега достигна 4.282.164 лица.
Во последното деноноќие во земјата од Ковид-19 умреле уште 874 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на пандемијата надмина 130.396 лица.
Бразил е на третото место во светот според бројот на заразени со коронавирус зад САД и Индија.