Во Грција, коронавирусот е потврден кај уште 302 лица во последните 24 часа.
Регистрирани се два смртни случаи, пренесува агенцијата АНА.
Меѓу новите случаи на инфекција, 21 е потврден при проверка на патници на границите, додека 29 нови случаи оствариле контакти со лица кои биле позитивни на тестот за Ковид-19.
Во моментов има 53 пациенти на респиратори.
Вкупно 13.036 лица се заразени со коронавирус во Грција од почетокот на пандемијата, 2.363 случаи се поврзани со патувања во странство.
Како резултат на Ковид-19, досега во Грција починале 302 лица. Нивната просечна возраст е 78 години, а 96,4 проценти од починатите страдале од хронични болести или биле постари од 70 години.
Во Хрватска денеска е забележан црн рекорд по бројот на смртни случаи.
За 24 часа починаа седум лица, што е најмногу од почетокот на пандемијата.
Потврдени се 261 нов случај на зараза. Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 2.429.
Меѓу нив, 313 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.
Во Босна и Херцеговина, 304 новозаболени лица
Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани 304 случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата достигна 14.648 лица.
Во БиХ од денес се излечени 10.474 пациенти, од кои 197 во изминатите 24 часа.
До денес, вкупниот број на смртни случаи во БиХ е 400 лица.
Во Бугарија 201 новозаразени
Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 201 новозаразени со коронавирус, што е за 38 повеќе од претходниот ден.
Во Бугарија, од почетокот на епидемијата на коронавирус, потврдени се вкупно 17.799 случаи, 713 смртни случаи и 12.750 оздравени.
Словенија и денес со троцифрен број на новозаразени
Во претходните 24 часа, во Словенија беа потврдени 105 нови случаи на зараза со коронавирус. Бројот на новозаразени надминува 100 втор ден по ред, додека вчера беа забележани рекордни 108 нови случаи, пренесува СТА.
Во петокот, во Словенија беа извршени 3.191 тестирања, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.
Во Словенија досега се заразени 3.603 лица со коронавирус, додека во моментот има 769 активни случаи.
Албанија со 164 новозаразени и 3 починати
Во Албанија потврдени се 164 нови случаи со коронавирус и тројца почнати паценти.
Направени биле 872 теста, што е околу 19 отсто од тестираните.
Во Србија 72 новозаразени од 6.068 тестирани
Во Србија се регистрирани 72 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина. Вкупно 32.300 лица се разболеле од овој вирус во Србија досега, а регистрирани се 731 смртни случаи.
Во моментов има 383 пациенти во болница, од кои 29 се на апарати за дишење.
Во последните 24 часа биле тестирани 6.068 лица, а од март вкупно 1.024.976.
Во Косово 70 новозаразени од 633 тестови
Во последните 24 часа во Косово биле тестирани 633 лица, од кои 70 се позитивни на коронавирусот, додека уште три лица починале.
Најголем број новозаразените се регистрирани во Приштина (28).
Во моментов има 2.705 активни случаи на зараза со Ковид-19 во Косово.