Во Пехчево реализирана акција како дел од превентивната активност за заштита на шумите од пожари. Во рамки на акцијата претставници на Општина Пехчево во соработка со ОВР Берово, шумска полиција и Македонски шуми-Пехчево делеа флаери со едукативна содржина и препораки за заштита од пожар.
Помошник командирот за јавен ред и мир и превенција, Васко Мамучевски истакна дека излегувањето на терен е конкретизирано со запирање на возила и делење на наменски флаери на возачите и нивните сопатници кои главно се упатуваа на подрачјето на селата или стопанските субјекти во планинските села и излетничките места во Пехчево.
-Се сретнавме со најмалку 30 возачи на возила кои се упатуваа кон подрачјето на Туристичката населба Равна Река, месноста Св. Петка и на други локации, кратко разговаравме за целта на акцијата при што им укажавме на важноста на превентивната заштита од пожари која може да биде и пресудна ако има опасност од било каква огнена стихија, истакна Мамучевски.
Ова подрајче како, што додаде е главно шумовито и постојат можности да се случат шумски пожари.
-Оттаму вниманието кое треба да го имаат сите кои престојуваат овде.„Да ја заштитиме шумата од пожар„ и препораки за заштита од пожари е осоновната порака на флаерите во кои се наведува потребата од наше внимание и брзо реагирање ако се иницира мал пожар, додаде помошник командирот.
Организаторите вакви или слични акции најавија и во наредниот период.