Македонското раководство ја разгледувало опцијата за купување на руската вакцина против Ковид 19

Раководството на Македонија ја разгледува можноста за купување на руската вакцина против коронавирусот, изјавија за Спутник извори од руската амбасада во Скопје.

Во втората половина од август, руските дипломати го информираа министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче, за успешните резултати од тестирањето на вакцината „Спутник V“ во Русија. Тој беше запознаен со можностите за организирање на испорака на вакцините преку рускиот фонд за директни инвестиции.

Ова прашање беше тема на разговор со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Македонската страна во моментов ги проучува достапните материјали за вакцината Спутник V.

Договорено е експертите од Министерството за здравство на Македонија и Рускиот фонд за директни инвестиции да разговараат директно за сите прашања што ги интересираат надлежните органи во Скопје, изјавија за Спутник од руската амбасада во Република Македонија.

Според податоците на Министерството за здравство на Македонија, од почетокот на пандемијата, откриени се 15.649 пациенти заразени со вирусот.

Треба да знаете
Последни објави