Милан официјално го објави привлекувањето на Чипријан Татарушану со тригодишен договор.
Синоќа неговиот поранешен клуб Лион го потврди трансферот и откри дека неговата вредност е 500 илјади евра. 34-годишниот голман ќе го носи дресот со број 1 и веќе се приклучи на тренинзите на својот нов тим.
Ова ќе биде втор италијански тим на Татарушану по Фиорентина. Освен за „децата” и „виолетовите”, тој играше и за Нант и романски Јувентус (Букурешт), Глорија (Бистрица) и ФЦСБ.
Со националниот дрес на РОманија има 68 натпревари.