Симеоне во самоизолација поради позитивен тест на коронавирусот

Шпанскиот фудбалски лигаш Атлетико Мадрид мораше да ја прекине својата мини турнеја во Лос Анџелес поради позитивен случај на коронавирус кај еден фудбалски работник кој бил дел од експедицијата, по што клубот денеска мораше да им направи нови ПЦР тестови на сите играчи и на цел стручен штаб. По враќањето во Мадрид, Диего Симеоне не се појавил на последниот тренинг на тимот, а откако се отворија сомнежи за негов позитивен тест, вечерва Атлетико излезе со официјално соопштение со кое потврди дека тренерот е во самоизолација.

– Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне е позитивен на коронавирус. Тој е асимптоматски случај и се наоѓа во својот дом каде ќе мора да мине карантински период во наредните денови. Тој беше единствениот од цела експедиција кој беше позитивен на КОВИД 19, – соопшти Атлетико.

Поради учеството во Лигата на шампионите, Атлетико ќе ја има својата премиера во Ла Лига за две седмици, па за очекување е Симеоне  до тогаш да се излекува и да ја предовди екипата.

Треба да знаете
Последни објави